Неделен извештај за 30 окт – 05 ное 2017

Неделен извештај за 30 окт – 05 ное 2017

Мониторинг на пристап до човекови права и заштита на бегалци и мигранти во пограничните транзитни центри Табановце и Гевгелија

Легис е партнер организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Фондацијата ,,Ана и Владе Дивацˮ од Србија, Новосадски хуманитарен центар од Србија (NSHC Srbija) и Арбајтер Самаритер Бунд од Германија (Arbeiter-Samariter-Bund Deutschland) во проектот ,,Помош на рутата – Заштита на човекови права на бегалци и мигранти кои поминуваат низ Македонија и Србијаˮ. За таа цел, Легис располага со 6 теренски работници и 2 координатори кои дневно собираат информации и податоци за пристапот до човекови права и заштита на бегалци/мигранти во пограничните транзитни центри Табановце и Винојуг, Гевгелија. 

Овој неделен извештај претставува преглед на 12 дневни извештаи т.е. прашалници изготвени во текот на овој период:

- Број на извештаи: 12 дневни извештаи т.е. прашалници.


Вкупен број на бегалци/мигранти на коишто им е дадена помош: околу 14 бегалци/мигранти, бидејќи бројот на новопристигнати лица се менува секој ден и нашите теренски работници успеаја да воспостават комуникација со речиси сите од нив во Табановце, додека бројот во Винојуг, Гевгелија  бројот на бегалци/мигранти изнесува  12. Во текот на овој период на известување, 7 регистрирани лица престојуваа во Табановце, а пристигнаа две нови лица од Пакистан, од кои едното е непридружуван малолетник. Во транзитниот центар Винојуг, Гевгелија пристигнаа 9 нови лица: две семејства од Ирак со по едно дете; едно возрасно лице од Ирак и две возрасни лица од Сирија. Сите се регистрирани кај надлежните власти во кампот. Вкупниот број на жители изнесува 12 во текот на овој период.

Табановце, северна граница

Објекти и услови:

Транзитниот центар Табановце има објекти за привремен престој (контејнери или кабини) со задоволителни услови за греење и ладење. Сите жители на кампот имаат пристап до санитарни објекти, кујна, простори за рекреација за деца и сл. Тие добиваат по три оброка на ден. Санитарните објекти се чистат секој ден. Слободата на движење на жителите на транзитниот центар е сѐ уште органичена што значи дека истите можат да излегуваат но само доколку се придружени од вработените.

Однос на институциите кон бегалците/мигрантите:

Не се пријавени враќања на бегалци/мигранти од Македонија во Србија и обратно од страна на полициски службеници. Но, кога пет лица од Пакистан го напуштија кампот, нашиот тим ги забележа. Прво се обидоа да заминат преку предната врата на кампот, ама полицијата не ги пушти затоа што помина времето за слободно движење. Затоа беа принудени да ја прескокнат оградата.

Пристап до право на азил/привремена заштита:

Сите жители т.е. бегалци/мигранти имаат пристап до правото на барање азил/привремена заштита преку Одделот за азил при Министерство за внатрешни работи и локалната невладина организација Македонско здружение на млади правници. Сепак, не се регистрирани барања за азил/привремена заштита во овој период на известување.

На неделниот состанок со надлежните власти на кампот и претставниците на невладините организации дознавме дека две лица од Пакистан сакаат да аплицираат за азил. Македонското зружение за млади правници ги информирало за нивните права и целата процедура и лицата сега размислуваат дали ќе побараат азил официјално.  
 

Пристап до услуги: здравствена нега, здравствени потреби, храна, лекови, облека итн:

Сите жители на кампот имаат пристап до основна здравствена нега, храна, лекови, облека итн. Не се пријавени никакви посебни потреби за здравствена нега. На терен секогаш е присутен медицински персонал.

Слобода на движење:

- Жителите на транзитниот центар можат да излезат само доколку се придружувани од вработените.

Гевгелија, јужна граница:

Објекти и услови:

Како во Табановце, така и во транзитниот центар во Гевгелија постојат објекти за привремен престој (контејнери или кабини) со задоволителни услови за греење и ладење. Сите жители на кампот имаат пристап до санитарни објекти, кујна, простори за рекреација за деца и сл. Тие добиваат по три оброка на ден. Санитарните објекти се чистат редовно.

Однос на институците кон бегалците/мигрантите:

Македонската полиција што патролира на македонско-грчката граница вратила околу 30 лица[1] во текот на овој период на известување. Лицата што биле вратени се по потекло од Пакистан, Авганистан, Сирија, Бангладеш.

Пристап до право на азил/привремена заштита:

Сите жители т.е. бегалци/мигранти што престојуваат во транзитниот центар Винојуг имаат пристап до правото на барање азил/привремена заштита преку Секторот за азил при Министерство за внатрешни работи и локалната невладина организација Македонско здружение на млади правници. Сепак, не се регистрирани барања за азил/привремена заштита во овој период на известување.

Пристап до услуги: здравствена нега, здравствени потреби, храна, лекови, облека итн:

Сите жители на кампот имаат пристап до основна здравствена нега, храна, лекови, облека итн. Сепак, важно е да се истакне дека лицата имаат потреба од зголемена психосоцијална поддршка поради продолжениот престој во кампот На терен секогаш е присутен медицински персонал.

Слобода на движење:

- Жителите можат да излегуваат од транзитниот центар само во придружба на вработени од Црвен крст или Ла страда.

- Број на случаи проследени до Канцеларијата на Народниот правобранител на РМ:

/

 

[1] Бројот на вратени лица е приближен. Можно е да се вратени повеќе, но тоа е сѐ што нашите теренски работници успеаја да дознаат за овој период.