Неделен извештај за 20-26 ноември 2017

Неделен извештај за 20-26 ноември 2017

Мониторинг на пристап до човекови права и заштита на бегалци и мигранти во пограничните транзитни центри Табановце и Гевгелија

 

Легис е партнер организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Фондацијата ,,Ана и Владе Дивацˮ од Србија, Новосадски хуманитарен центар од Србија (NSHC Srbija) и Арбајтер Самаритер Бунд од Германија (Arbeiter-Samariter-Bund Deutschland) во проектот ,,Помош на рутата – Заштита на човекови права на бегалци и мигранти кои поминуваат низ Македонија и Србијаˮ. За таа цел, Легис располага со 6 теренски работници и 2 координатори кои дневно собираат информации и податоци за пристапот до човекови права и заштита на бегалци/мигранти во пограничните транзитни центри Табановце и Винојуг, Гевгелија. 

Овој неделен извештај претставува преглед на 12 дневни извештаи т.е. прашалници изготвени во текот на овој период:

- Број на извештаи: 12 дневни извештаи т.е. прашалници.

Вкупен број на бегалци/мигранти на коишто им е дадена помош: Околу 32 бегалци/мигранти, бидејќи бројот на новопристигнати лица се менува секој ден и нашите теренски работници успеаја да воспостават комуникација со речиси сите од нив во Табановце, додека бројот во Винојуг, Гевгелија,  бројот на бегалци/мигранти изнесува  15. Во текот на овој период на известување, бројот на регистрирани лица варираше од 10-2. Имаше 26 новопристигнати лица во Табановце. Три лица од Авганистан, едно од Ирак, едно од Иран, едно од Сирија, едно од Либија. Националноста на останатите лица е непозната. Во Гевгелија имаше тринаесет новопристигнати лица: две фамилии со по едно дете, двајца мажи – сите од Ирак. Другите се четворица мажи од Иран и едно лице лице од Бангладеш.

Табановце, северна граница

Објекти и услови:

Транзитниот центар Табановце има објекти за привремен престој (контејнери или кабини) со задоволителни услови за греење и ладење. Сите жители на кампот имаат пристап до санитарни објекти, кујна, простори за рекреација за деца и сл. Тие добиваат по три оброка на ден. Санитарните објекти се чистат секој ден. Слободата на движење на жителите на транзитниот центар е сѐ уште органичена што значи дека истите можат да излегуваат но само доколку се придружени од вработените. Достапно е греење во бањите како и топла вода.

Однос на институциите кон бегалците/мигрантите:

Не беа пријавени нелегални враќања или други неправилности поврзани со институциите и нивниот однос.

Пристап до право на азил/привремена заштита

Сите жители т.е. бегалци/мигранти имаат пристап до правото на барање азил/привремена заштита преку Одделот за азил при Министерство за внатрешни работи и локалната невладина организација Македонско здружение на млади правници. Нема нови барања за азил/привремена заштита во текот на овој период на известување.

Пристап до услуги: здравствена нега, здравствени потреби, храна, лекови, облека итн:

Сите жители на кампот имаат пристап до основна здравствена нега, храна, лекови, облека итн. Не се пријавени никакви посебни потреби за здравствена нега. На терен секогаш е присутен медицински персонал.

Слобода на движење:

- Жителите на транзитниот центар можат да излезат само доколку се придружувани од вработените.

Гевгелија, јужна граница:

Објекти и услови:

Како во Табановце, така и во транзитниот центар во Гевгелија постојат објекти за привремен престој (контејнери или кабини) со задоволителни услови за греење и ладење. Сите жители на кампот имаат пристап до санитарни објекти, кујна, простори за рекреација за деца и сл. Тие добиваат по три оброка на ден. Санитарните објекти се чистат редовно. Сепак, важно е да се истакне дека нема топла вода и греење во бањите. Наместо тоа, жителите мораат да ја користат бањата на Ла Страда.

Однос на институциите кон бегалците/мигрантите:

Македонската полиција што патролира на македонско-грчката граница вратила нелегално околу 23[1] лица во Грција во текот на овој период на известување. Лицата што биле вратени се по потекло од Пакистан, Ирак, Бангладеш, Индија.

Пристап до право на азил/привремена заштита:

Сите жители т.е. бегалци/мигранти што престојуваат во транзитниот центар Винојуг имаат пристап до правото на барање азил/привремена заштита преку Секторот за азил при Министерство за внатрешни работи и локалната невладина организација Македонско здружение на млади правници. Сепак, не се регистрирани барања за азил/привремена заштита во овој период на известување.

Пристап до услуги: здравствена нега, здравствени потреби, храна, лекови, облека итн:

Сите жители на кампот имаат пристап до основна здравствена нега, храна, лекови, облека итн. Не се пријавени никакви посебни потреби за здравствена нега. На терен секогаш е присутен медицински персонал. Поради ладното време има потреба од потопла облека и чизми, посебно за деца. Бремената жена беше прегледана од гинеколог.

Слобода на движење:

- Жителите можат да излегуваат од транзитниот центар само во придружба на вработени од Црвен крст или Ла страда.

- Број на случаи проследени до Канцеларијата на Народниот правобранител на РМ:

/

 

[1] Бројот на вратени лица е приближен. Можно е да се вратени повеќе, но тоа е сѐ што нашите теренски работници успеаја да дознаат за овој период.