Неделен извештај за 27 ное – 03 дек 2017

 

 

Неделен извештај за  27 ное – 03 дек 2017

Мониторинг на пристап до човекови права и заштита на бегалци и мигранти во пограничните транзитни центри Табановце и Гевгелија

Легис е партнер организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Фондацијата ,,Ана и Владе Дивацˮ од Србија, Новосадски хуманитарен центар од Србија (NSHC Srbija) и Арбајтер Самаритер Бунд од Германија (Arbeiter-Samariter-Bund Deutschland) во проектот ,,Помош на рутата – Заштита на човекови права на бегалци и мигранти кои поминуваат низ Македонија и Србијаˮ. За таа цел, Легис располага со 6 теренски работници и 2 координатори кои дневно собираат информации и податоци за пристапот до човекови права и заштита на бегалци/мигранти во пограничните транзитни центри Табановце и Винојуг, Гевгелија. 

Овој неделен извештај претставува преглед на 12 дневни извештаи т.е. прашалници изготвени во текот на овој период:

- Број на извештаи: 12 дневни извештаи т.е. прашалници.


Вкупен број на бегалци/мигранти на коишто им е дадена помош: Околу 11 бегалци/мигранти, бидејќи бројот на новопристигнати лица се менува секој ден и нашите теренски работници успеаја да воспостават комуникација со речиси сите од нив во Табановце, додека бројот во Винојуг, Гевгелија,  бројот на бегалци/мигранти изнесува  14. Во текот на овој период на известување, бројот на регистрирани лица варираше од 2-6. Имаше 11 новопристигнати лица во Табановце. Четири лица се од Сирија, едно лице од Иран, едно од Палестина, три од Либија и две од Пакистан. Во Гевгелија имаше четири новопристигнати лица: една жена, двајца мажи и едно дете – сите од Турција.

Табановце, северна граница

Објекти и услови:

Транзитниот центар Табановце има објекти за привремен престој (контејнери или кабини) со задоволителни услови за греење и ладење. Сите жители на кампот имаат пристап до санитарни објекти, кујна, простори за рекреација за деца и сл. Тие добиваат по три оброка на ден. Санитарните објекти се чистат секој ден. Слободата на движење на жителите на транзитниот центар е сѐ уште органичена што значи дека истите можат да излегуваат но само доколку се придружени од вработените. Достапно е греење во бањите како и топла вода.

Однос на институциите кон бегалците/мигрантите:

Српски полициски службеници депортирале двајца државјани на Либија, иако, според приказната на овие лица, тие ги известиле полициските службеници дека се во процес на барање азил во Србија.

Пристап до азил и привремена заштита:

Сите жители т.е. бегалци/мигранти имаат пристап до правото на барање азил/привремена заштита преку Одделот за азил при Министерство за внатрешни работи и локалната невладина организација Македонско здружение на млади правници. Нема нови барања за азил/привремена заштита во текот на овој период на известување.

Пристап до услуги: здравствена нега, здравствени потреби, храна, лекови, облека итн:

Сите жители на кампот имаат пристап до основна здравствена нега, храна, лекови, облека итн. Не се пријавени никакви посебни потреби за здравствена нега. На терен секогаш е присутен медицински персонал.

Слобода на движење:

- Жителите на транзитниот центар можат да излезат само доколку се придружувани од вработените.

Гевгелија, јужна граница:

Објекти и услови:

Како во Табановце, така и во транзитниот центар во Гевгелија постојат објекти за привремен престој (контејнери или кабини) со задоволителни услови за греење и ладење. Дневните активности на жителите зависат од програмите во центарот, бидејќи забраната за движење сѐ уште трае. Сите жители на кампот имаат пристап до санитарни објекти, кујна, простори за рекреација за деца и сл. Квалитетот на храната е подобрен. Тимот на Црвен крст обезбедува прехранбени производи со кои можат жителите сами да готват затоа што добиваат готвена храна двапати неделно. Санитарните објекти се чистат редовно. Сепак, важно е да се истакне дека нема топла вода и греење во бањите. Наместо тоа, жителите мораат да ја користат бањата на Ла Страда.

Однос на институциите кон бегалците/мигрантите:

Македонската полиција што патролира на македонско-грчката граница нелегално вратила околу 61[1] лице во Грција во текот на овој период на известување. Лицата што биле вратени се по потекло од Пакистан, Авганистан, Шри Ланка, Ирак, и Алжир.

Пристап до азил и привремена заштита:

Сите жители т.е. бегалци/мигранти што престојуваат во транзитниот центар Винојуг имаат пристап до правото на барање азил/привремена заштита преку Секторот за азил при Министерство за внатрешни работи и локалната невладина организација Македонско здружение на млади правници. Сепак, не се регистрирани барања за азил/привремена заштита во овој период на известување.

Пристап до услуги: здравствена нега, здравствени потреби, храна, лекови, облека итн:

Сите жители на кампот имаат пристап до основна здравствена нега, храна, лекови, облека итн. Не се пријавени никакви посебни потреби за здравствена нега. На терен секогаш е присутен медицински персонал. Поради ладното време има потреба од потопла облека и чизми, посебно за деца.

Слобода на движење:

- Жителите можат да излегуваат од транзитниот центар само во придружба на вработени од Црвен крст или Ла страда.

- Број на случаи проследени до Канцеларијата на Народниот правобранител на РМ:

/

 

[1] Бројот на вратени лица е приближен. Можно е да се вратени повеќе, но тоа е сѐ што нашите теренски работници успеаја да дознаат за овој период.