Неделен извештај за 11 – 17 декември 2017

Неделен извештај за 11 – 17 декември 2017

Мониторинг на пристап до човекови права и заштита на бегалци и мигранти во пограничните транзитни центри Табановце и Гевгелија

Легис е партнер организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Фондацијата ,,Ана и Владе Дивацˮ од Србија, Новосадски хуманитарен центар од Србија (NSHC Srbija) и Арбајтер Самаритер Бунд од Германија (Arbeiter-Samariter-Bund Deutschland) во проектот ,,Помош на рутата – Заштита на човекови права на бегалци и мигранти кои поминуваат низ Македонија и Србијаˮ. За таа цел, Легис располага со 6 теренски работници и 2 координатори кои дневно собираат информации и податоци за пристапот до човекови права и заштита на бегалци/мигранти во пограничните транзитни центри Табановце и Винојуг, Гевгелија. 

Овој неделен извештај претставува преглед на 12 дневни извештаи т.е. прашалници изготвени во текот на овој период:

- Број на извештаи: 12 дневни извештаи т.е. прашалници.


Вкупен број на бегалци/мигранти на коишто им е дадена помош: Околу 24 бегалци/мигранти, бидејќи бројот на новопристигнати лица се менува секој ден и нашите теренски работници успеаја да воспостават комуникација со речиси сите од нив во Табановце, додека бројот во Винојуг, Гевгелија,  бројот на бегалци/мигранти изнесува  4. Во текот на овој период на известување, бројот на регистрирани лица во Табановце варираше од 17-10, а пристигнаа 20 нови лица: петчлено семејство од Сирија, еден маж од Иран, осум мажи од Пакистан, пет од Авганистан и еден маж од Ирак. Во Гевгелија не се пријавени новопристигнати лица.

Табановце, северна граница

Објекти и услови:

Транзитниот центар Табановце има објекти за привремен престој (контејнери или кабини) со задоволителни услови за греење и ладење. Сите жители на кампот имаат пристап до санитарни објекти, кујна, простори за рекреација за деца и сл. Тие добиваат по три оброка на ден. Санитарните објекти се чистат секој ден. Слободата на движење на жителите на транзитниот центар е сѐ уште органичена што значи дека истите можат да

излегуваат но само доколку се придружени од вработените. Достапно е греење во бањите како и топла вода.

Однос на институциите кон бегалците/мигрантите:

Не се пријавени нелегални враќања или други неправилности поврзани со институциите.
 

Пристап до право на азил/привремена заштита:

Сите жители т.е. бегалци/мигранти имаат пристап до правото на барање азил/привремена заштита преку Одделот за азил при Министерство за внатрешни работи и локалната невладина организација Македонско здружение на млади правници. Еден жител на центарот, од Пакистан ја разгледува можноста за барање азил, и затоа се консултира со Македонското здружение за млади правници за процедурата, колку ќе трае, итн.

Пристап до услуги: здравствена нега, здравствени потреби, храна, лекови, облека итн:

Сите жители на кампот имаат пристап до основна здравствена нега, храна, лекови, облека итн. На терен секогаш е присутен медицински персонал. Не беа пријавени посебни медицински потреби.

Слобода на движење:

- Жителите на транзитниот центар можат да излезат само доколку се придружувани од вработените.

Гевгелија, јужна граница:

Објекти и услови:

Како во Табановце, така и во транзитниот центар во Гевгелија постојат објекти за привремен престој (контејнери или кабини) со задоволителни услови за греење и ладење. Дневните активности на жителите зависат од програмите во центарот, бидејќи забраната за движење сѐ уште трае. Сите жители на кампот имаат пристап до санитарни објекти, кујна, простори за рекреација за деца и сл. Жителите добиваат готови оброци (само ручек) три дена во неделата. Но, според изјавите на жителите на транзитниот центар има недостаток од храна. Останатите денови готват сами. Санитарните објекти

се чистат редовно. Сепак, важно е да се истакне дека нема топла вода и греење во бањите. Наместо тоа, жителите мораат да ја користат бањата на Ла Страда.

Однос на институциите кон бегалците/мигрантите:

Македонската полиција што патролира на македонско-грчката граница нелегално вратила околу 25[1] лица  во Грција во текот на овој период на известување. Лицата што биле вратени се по потекло од Алжир, Авганистан, а националноста на три лица останува непозната.

Пристап до право на азил/привремена заштита:

Сите жители т.е. бегалци/мигранти што престојуваат во транзитниот центар Винојуг имаат пристап до правото на барање азил/привремена заштита преку Секторот за азил при Министерство за внатрешни работи и локалната невладина организација Македонско здружение на млади правници. Три семејства од Винојуг одлучија да побараат азил и затоа беа префрлени во Центарот за баратели на азил во Визбегово, Скопје.

Пристап до услуги: здравствена нега, здравствени потреби, храна, лекови, облека итн:

Сите жители на кампот имаат пристап до основна здравствена нега, храна, лекови, облека итн. Не се пријавени никакви посебни потреби за здравствена нега. На терен секогаш е присутен медицински персонал. Сепак, важно е да се истакне дека жителите имаат потреба од зголемена психолошка поддршка поради продолжениот престој во транзитниот центар.

Слобода на движење:

- Жителите можат да излегуваат од транзитниот центар само во придружба на вработени од Црвен крст или Ла страда.

- Број на случаи проследени до Канцеларијата на Народниот правобранител на РМ:

/

 

[1] Бројот на вратени лица е приближен. Можно е да се вратени повеќе, но тоа е сѐ што нашите теренски работници успеаја да дознаат за овој период.